Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Саити учествуваше на панел дискусија на тема “Европската иднина на регионот и надворешните државни актери”

2024-09-28

Саити учествуваше на панел дискусија на тема “Европската иднина на регионот и надворешните државни актери”

На 28.09.2024 во просториите на Општина Охрид,  Филозофски факултет – Скопје заедно со Konrad-Adenauer-Stiftung Skopje и Wilfried Martens Centre for European Studies, организираше панел дискусија на тема “Европската иднина на регионот и надворешните државни актери”.

На панел дискусијата срдечно добредојде на учесниците им посака и генералниот секретар на Црвениот крст на на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити. Исто така Саити имаше свое излагање на тема “Системот за кризен менаџмент на Црвен крст на Република Северна Македонија

Работниот ден продолжи со интерактивни предавања од страна на експерти од Македонија, Србија и Булгарија, и размена на искуства на теми кои се од заеднички интерес, како што се прашањата за регионалните безбедносни предизвици и регионалната соработка на ова поле.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025